Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Обвинение за Артан Груби, паника дека ќе пороговори за партиските колеги, најава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинение за Артан Груби, паника дека ќе пороговори за партиските колеги, најава за политичка пензија на Али Ахмети. Демократската унија за интеграција влегува во период на сериозна трансформација, а внатрепартиските поделби и падот на политичкиот кредибилитет на дел од старите кадри се повеќе го отвораат прашањето за иднината на партијата. Аналитичарот Исени смета дека ДУИ се соочува со расцепкување, а најголем предизвик за Ахмети пред да си оди, ќе биде како да ја врати партијата на власт со нови лица и нова политичка тежина. Во таква ситуација, дополнително може да ги замрси сметките  и поранешниот висок функционер во партијата, Груби, чие обвинение дополнително ги зовре страстите во партијата. Според Исени за ДУИ, Груби е црната кутија и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски.

„Артан Груби, ние знаеме каква политичка тежина имал тој во ДУИ кога беше прв вицепремиер, освен во неговата политичка област што се занимаваше, тој се наметнуваше и на областите на другите партиски функционери на ДУИ, сето тоа создаваше тензии во самата партија и затоа денеска за обвинението нема ниту еден збор од бившите функционери за Груби. Бидејќи Груби во минатото најмногу му наштетил на ДУИ“, вели аналитичарот Џенур Исени.

Дека внатре во ДУИ нешто се случува, а јавно имаат потреба да демонстрираат единство покажуваат и пораките на социјалните мрежи. Пратеникот и функционер на партијата Арбер Адеми објави фотографија со Ахмети и порача: „Вистинската промена го носи печатот на едно име: Али Ахмети, „Пораката доаѓа во момент кога во партијата се отвораат сериозни прашања за нејзината иднина и за евентуалната промена на генерациите. Според аналитичарот Исени, најавата на Ахмети за повлеквуање е тактика за обединување. 

Реклама

„Партијата  во овој период  е во една трансформација би рекол. Ахмети никогаш не бил сериозен кога кажува дека размислува да стави крај на неговата полтичка ера. Јас мислам дека за тоа ќе се збори кога ќе победи на избори. 05:51 Ахмети ќе продолжи да биде цнтралната фигура во партијата и примарната цел му е да внесе нови фигури во ДУИ. Ние сме сведоци дека во политиката секогаш најбитен е кредибилитетот“, вели аналитичарот Џенур Исени.

Лидерот на  ДУИ во неодамнешно интервју за косовска телевизија,  откри дека размислува да се повлече од политиката. Се осврна и на кадровските промени во ДУИ, нагласувајќи дека во раководните структури веќе е спроведено значително освежување со нови и млади кадри. Во политичките кулоари веќе се споменуваат и имињата за негов наследник, а според Исени најсериозен кандидат во овој момент е поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.