Од денеска до сабота во Скопје ќе се одржи Сенародната универзијада „Чаир 2026“. Општина Чаир е домаќин на настанот чија цел е зајакнување на врските меѓу младите и поттикнување на соработката преку спортот.
Активностите се одржуваат во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир, под мотото „Спорт • Академија • Соработка • Вредности“.
Универзијадата има за цел да го промовира спортскиот дух, размената на искуства и соработката меѓу учесниците, создавајќи заеднички простор за спортска и академска интеракција.
– Со овој настан, Чаир ја потврдува својата улога како домаќин на активности што ги промовираат спортот, образованието и соработката, придонесувајќи кон зајакнување на врските и заедничките вредности меѓу младите – велат од Општината.

