Градоначалничката на Општина Неготино Марија Нацева вечерва ќе оствари средби со жители од неколку села во рамки на активностите за креирање на буџетот за следната година, информираа од Општината.
– Граѓаните со свои предлози ќе можат да учествуваат во креирањето на програмата за работа и буџетот на Општина Неготино за 2027 година. Секој заинтересиран жител на општина Неготино, доколку изрази желба за тоа, ќе може со давање сопствени предлози, идеи и решенија да учествува во подготовката на два исклучително значајни документа што се тесно поврзани со работата на градоначалникот и локалната самоуправа. Тоа се програмата за работа и буџетот на Општина Неготино во чие изготвување можат да учествуваат сите граѓани – соопштија од локалната самоуправа.
За вечерва закажни се средби со жители на неготинските села Долни Дисан, Тимјаник, Курија и Црвени Брегови.

