Реклама

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија Ибрахим Ал-Мади

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана, Турки бин Ибрахим Ал-Мади. 

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката, во одлуката за отворање прва резидентна амбасада во Ријад, таа препознава потврда на решеноста за продлабочување на меѓусебните односи.

Сиљановска-Давкова гледа значителен потенцијал за економски развој во енергетиката, со акцент на обновливите извори на енергија, земјоделството, туризмот, инфраструктурата и технологијата. 

Реклама

Соговорниците ја истакнаа потребата од почести контакти меѓу бизнис-заедниците на двете држави.

Обајцата изразија подготвеност за стимулирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, како и за склучувањето билатерални договори во различни области.

За Сиљановска-Давкова, саудискиот стратешки план „Визија 2030“ и македонското учество на „Експо 2030“ во Ријад, се чекор напред кон поширока и подлабока соработка.

За неа исто така можноста македонските граѓани да добијат туристичка електронска виза или виза при пристигнување во Саудиска Арабија ќе го зголеми интересот за посета на државата.

Претседателката се заблагодари за поддршката на Саудиска Арабија на македонската кандидатура во Економскиот и социјален совет на ОН за мандатот 2027 – 2029, со уверување за натамошна соработка на мултилатерален план.

Ибрахим Ал-Мади искажа подготвеност за унапредување на севкупните меѓусебни односи – се наведува во соопштението.