Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Започнува инвестициски циклус од 6 милијарди евра кој ќе донесе економски раст и развој на државата

„Со потпишувањето на договорот со Велика Британија на Македонија ѝ се ставаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Со потпишувањето на договорот со Велика Британија на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори.

Ова е најголема економска рамка од 6 милијарди со која ќе започне инвестициски циклус во Македонија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште. Изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште се стратешки проект кој ќе се реализира со инвестиција од 1,3 милијарди.

Реклама

Градежната офанзива којашто е во тек ќе продолжи и со инвестиции во железничкиот сообраќај и изградба на брза пруга. Ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10.

Со инвестиција од околу 2 милијарди евра ќе се гради брза пруга Табановце-Гевгелија. Постоечката пруга ќе се реконструира, и ќе се направи уште една паралелна пруга

Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.

Ќе започнат и нови проекти од енергетиката, транспортот, медицината, здравството и дигитализацијата. Сето ова подразбира отворање на нови работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.“

Велат во соопштението од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.