Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“, до крајот на годината скопјани ќе возат по модерен булевар

Во тек е асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“  и до крајот на годината, скопјани ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар – информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. 

– Се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота!  Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“! Генерации скопјани чекаа да се реши овој проблем. Повеќе од 100.000 граѓани секојдневно се соочуваа со гужви, нервози и изгубени часови во сообраќајот. Со години слушаа ветувања, а пред себе ја гледаа истата слика. Денес, таа слика ја менуваме со работа. Со асфалтирањето влегуваме во завршницата на оваа значајна сообраќајна делница.  По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно го добива ликот што го заслужуваат скопјани – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за нешто повеќе од три месеци се решени проблемите што со децении го кочеа овој проект.

Реклама

– Ја ослободивме трасата, изградивме нова атмосферска канализација и сега поставуваме асфалт. Зад секој од овие чекори стојат посветеност, одлуки и решителност да се заврши започнатото. Овој горлив проблем им беше познат на сите што претходно ја имаа одговорноста и можноста да го решат. Но, со децении изостануваше решителноста да се оди докрај. Граѓаните ја плаќаа цената на секое одложување, на секое оправдување и на секое неисполнето ветување. Презедовме обврска да ставиме крај на тоа чекање и денес, на терен, покажуваме дека зборот за нас има тежина. За мене, секој поставен метар асфалт е почит кон луѓето кои предолго чекаа. Кон работникот што брза на работа, кон родителот што го носи детето на училиште, кон секој човек што заслужува побезбедно и побрзо да стигне дома. Мојот народ заслужува дела и исполнети ветувања – нагласи Ѓорѓиевски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: