Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска и општинскиот тим на Кисела Вода меѓу жителите на село Драчево

Во рамките на тековниот циклус теренски посети низ месните и урбаните заедници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на тековниот циклус теренски посети низ месните и урбаните заедници во општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, придружувана од раководителите на секторите од општинската администрација, вчера вечерта оствари работна средба со жителите на месната заедница село Драчево.

Овој отворен собир претставуваше одлична можност за непосреден разговор за досегашните резултати, како и за плановите за идните инвестиции во оваа населено место. Во делот на реализираните проекти, присутните упатија благодарност до Општината за покривањето на каналот долж реката Мала Рада, редовното одржување на хигиената во месната заедница, како и за успешното асфалтирање на улицата „Речиште“.

Покрај освртот на сработеното, на средбата детално се разговараше и за идните приоритети и барања на локалното население. Во насока на подобрување на инфраструктурата и безбедноста, граѓаните побараа асфалтирање на дополнителен крак од улицата „Речиште“, како и решавање на проблемот со шахтите на овој потег. Исто така, беше истакната потребата од поставување „Safe City“ камери на улицата „Драчевска“, конкретно во делот кај ООУ „Св. Климент Охридски“ и на влезот во село Драчево.

Реклама

Жителите посочија и неколку комунални и административни предизвици, меѓу кои чистење на дивата депонија што се создава во полето, решавање на долгогодишниот проблем со обележувањето на катастарските парцели и нивно приватизирање, како и барање за редовни инспекциски надзори над нелегалните градби. Дополнително, беше побарано поредовно собирање на комуналниот отпад од страна на ЈП „Комунална хигиена“, кое е под ингеренции на Град Скопје.

Сите изнесени предлози, забелешки и барања беа детално нотирани од страна на стручните општински служби со цел нивно натамошно решавање. Теренските средби продолжуваат и во наредниот период, при што со овој циклус посети ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода.