Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат членството, оттаму предлогот да нема вето при почетокот на преговорите на кандидатите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета оти Европската унија препознала дека некои од земјите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски смета оти Европската унија препознала дека некои од земјите членки го злоупотребуваат своето членство во Унијата за да решаваат прашања кои немаат никаква врска со европските вредности и оти резултат на тоа е предлогот на Европската комисија до Советот да се укине правото на вето во пристапните преговори, а да остане пред самиот чин на зачленување. Ова, смета премиерот, е голема шанса затоа што, како што рече, Македонија веќе исполнува два од трите услови за постепена интеграција, што е дел од предлогот, а за третиот,  кој се однесува на реформи и е засебен за секоја земја ќе направат се што може побрзо да го исполнат.  

– Очигледно таму состојбата е препознаена, дека некои од земјите членки го злоупотребуваат своето членство во рамките на Европската Унија и се обидуваат да излезат надвор од рамките на merit-based пристапувањето или пристапување по заслуга, и се обидуваат преку своето членство таму да решаваат некои прашања коишто немаат никаква врска со европските вредности. Тоа е препознаено и јас, ако се сеќавате, дадов една таква изјава кога бев во јуни во Тиват, по средбите со германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон. Она што охрабрува е градуалната, односно постепена интеграција, во којашто ние како земја ќе имаме големи шанси, бидејќи во суштина кога сето тоа ќе го анализирате и сумирате, ќе дојдете до заклучок дека три услови ќе треба да бидат исполнети за да почне процесот на постепена интеграција – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на детска градинка во Шуто Оризари.

Појасни дека првиот услов ќе биде за секоја држава посебно, а ќе се однесува на одредени реформи коишто ќе треба државата да ги направи, а кои допрва ќе се усогласуваат.

Реклама

– Вториот услов е земјата да има заедничка надворешна и одбранбена политика, нешто што, како што рече и претседателката  Фон дер Лајен, дека ние како држава тоа први го направивме и веќе го имаме усогласено. И третиот услов е во делот на системот за јавни набавки, реформа којашто ние во текот на следната недела ќе ја завршиме и ќе ја усвоиме во рамките на Парламентот. Значи, од трите, две имаме, а за првиот чекаме што е тоа што за нас како држава ќе биде доставено од страна на самата Европска комисија. Ние сè ќе сториме за да го направиме тоа и да почне градуалната, односно постепена интеграција – интеграција во единствениот пазар и така натаму. Имаме таму неколку позиции каде што сме силно заинтересирани како држава да пристапиме – потенцира премиерот Мицкоски.

Според него, очигледно дека од земјите членки е препознаено тоа што некои од земјите членки во рамките на Европската Унија го прават, и затоа се обидуваат со некаков ваков маневар да овозможат кандидатите да дојдат до фаза да бидат членки во рамките на Европската Унија.

– И тоа е многу слично со она што ние велиме кога станува збор за промена на Уставот – таа промена практично да стане апликабилна тогаш кога ние ќе ги завршиме преговорите – рече Мицкоски.