Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Започна обуката на кандидатите за пожарникари – наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

Започна дводневната обука на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна дводневната обука на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција на пожари. Како што информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов веќе во текот на наредната недела дел од нив ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарите со помал ризик ширум земјава.

Ангелов соопшти дека обуката ја започнале вкупно 364 кандидати во 13 градови во државата, со што се очекува пополнување на места во 28 општини.

Од 50 пријавени кандидати во Скопје, Ангелов истакна дека денешната обука ја започнале 34 лица, додека останатите, како што рече, отпаднале во административната селекција поради неуредна или неправилна документација.

Реклама

– Во првата фаза во административната селекција дел од кандидатите отпаднаа поради неуредна, нецелосна или неправилна документација. Обуката ќе ја започнат 364 лица од нив 34 во Скопје. Во Скопје имавме 50-тина пријавени, на административната селекција отпаднаа неколку останаа 41, но на повикот за обука се појавија само 34 кандидати. Она што можам да кажам како прва импресија е дека има одлични кандидати и успешно ќе ја завршат оваа обука и ќе бидат добар потенцијал за пополнување на испразнетите редови во македонските Противпожарни единици, рече Ангелов.

По завршувањето на дводневната обука, додаде, тие ќе бидат распоредени по територијалните противпожарни единици во државата, освен кандидатите во Скопје кои ќе бидат распоредени во Дирекцијата за заштита и спасување.

– По завршувањето на дводневната обука тие ќе бидат распоредени по територијалните противпожарни единици додека кандидатите од Скопје ќе бидат распоредени во Дирекцијата за заштита и спасување. Лицата кои што ќе бидат во ДЗС ќе продолжат со континуирана обука, а при појавата на некои пожари онаму каде што нема ризик ќе бидат искористени постепено да се усовршуваат во нивните вештини, рече Ангелов.

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, Зоран Кочоски, посочи дека во текот на утрешниот ден кандидатите ќе бидат запознаени со техниките на гасење на пожар и ќе се врши проверка на нивната физичката спремност.

– Во текот на утрешниот ден, споменавме дека ќе имаме проверка на физичката спремност на сите пријавени кандидати, ќе ги запознаеме со техниките на гасење на пожар, техниките на користење на опрема за гасење на пожар и се разбира првата помош која ќе биде изведена во соработка со Црвениот Крст на Македонија, изјави Кочоски.