Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Започна чистењето на штипската депонија „Трештена Скала“

Започна чистењето на штипската депонија „Трештена скала”. Со тешка градежна механизација екипа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна чистењето на штипската депонија „Трештена скала”. Со тешка градежна механизација екипа на комуналното претпријатие изутрината почна да го собира отпадот и шутот  што несовесни граѓани го оставаат пред самиот влез на депонијата. Набавката на новото возило ќе значи  и редовно чистење на депонијата, која досега се одржуаше со механизација на приватни компании.

„ЈП Исар, набави специјално возило болдожер-гасеничар којшто во целост ќе стои на располагање за тековно одржување на градската депонија“, изјави Александар Арсовски, директор на ЈПИсар-Штип.

Депонијата Трештена скала на која се одлага отпадот од штипските домаќинства и компании,  е честа мета на  несовесни граѓани кои по нејзиното палење полесно го собираат старото железо. Само лани имало над дваесетина подметнати пожари. Сите случаи се пријавени во полиција. .

Реклама

„Нашите вработени секојдневно се соочуваат со закани по својот живот од луѓе кои неовластено влегуваат заради, како што претпоставувам своја финансиска корист и  прават штета на истата Најчесто тие ја палат и последици трпат сите граѓани”изјави Александар Арсовски, директор на ЈП Исар, Штип.

Палењето на депонијата е децениски проблем со кој се соочува градот. Освен набавка на соодветно возило, веќе е поставена и 24часовна стражарска служба, како и видео надзор. Месечно на Трештена скала се депонира околу 12.000метри кубни отпад.