Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Заменик на претседателот на Владата Фетаи го посети Затворот во Куманово

Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики добро владеење, Арбен Фетаи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики добро владеење, Арбен Фетаи, денес го посети Затворот во Куманово, каде што беше пречекан од директорот на Управата за извршување на санкции, г. Александар Пандов со неговиот кабинет, како и директорот на Затворот во Куманово, г. Оливер Цветковски и заменик-директорот Илбер Лимани.

Тој го оцени Затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство.

Вицепремиерот Фетаи ги сослуша предизвиците со кои се соочува оваа институција, која подолг период се справува со недостаток на вода за пиење – проблем за кој тој ќе се обиде да најде решение што е можно побрзо.

Реклама

Се разговараше и за можноста за зајакнување на здравствената поддршка за осудените лица, особено во делот на менталното здравје, во соработка со Министерството за здравство.

Пенитенцијарниот систем е една од клучните столбови на правната држава и ние сме посветени на негово подобрување и развој согласно европските стандарди.