Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Заменик министерот за внатрешни работи Исени на терен со полициските службеници на ГП Блаце и ЕВР Чаир

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, на првиот работен ден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, на првиот работен ден од Новата година, оствари работна посета на полициските службеници ангажирани на Граничниот премин Блаце и во Единицата за внатрешни работи Чаир.

Во рамки на посетата, како што информираат од МВР, заменик министерот беше детално информиран за актуелната безбедносна состојба, функционирањето на граничниот премин, протокот на патници за време на празничниот период, како и за организацијата и текот на новогодишната ноќ на подрачјето на град Скопје.

-Во разговорите со полициските службеници, уште еднаш беше потврдена нивната висока професионална посветеност и одговорност во извршувањето на службените задачи, со јасна цел – гарантирање на редот, мирот и безбедноста на граѓаните ширум државата, се наведува во соопштението.

Реклама

Од МВР посочуваат дека иако за поголемиот дел од граѓаните празниците се време за семејни собири и прослави со најблиските, припадниците на Министерството за внатрешни работи и за време на празничните денови остануваат на своите работни места, грижејќи се за безбедноста и јавниот ред.

-Целта на посетата беше, покрај работниот аспект, да се споделат и неколку празнични моменти со дежурните полициски службеници, како симбол на заедништво и припадност на едно големо полициско семејство, како и да им се изрази благодарност за нивниот ангажман, пожртвуваност и професионализам, велат од МВР.

Заменик министерот Исени упатил охрабрување за натамошно посветено и одговорно извршување на службените обврски, истакнувајќи дека и во Новата 2026 година Министерството за внатрешни работи, заедно со граѓаните, ќе продолжи да работи на создавање посигурна, постабилна и подобра иднина за државата.