Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Заменик-министерката Трајков во Загреб на подготвителна програма за ЕУ проширувањето

Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков од денеска ќе учествува на подготвителна програмата за ЕУ проширувањето-„Подготовка за ЕУ членството: Стратешки, институционални, економски и финансиски перспективи“, која во наредниве два дена ќе се одржи во Загреб, Хрватска. 

Како што соопшти Министерството за европски прашања, високи државни претставници на Хрватска во рамките на програмата ќе го презентираат подетално евроинтеграцискиот процес преку примерот на Хрватска, како и предизвиците со коишто земјата се соочила на патот до ЕУ. 

Свое излагање на тренингот ќе има Владимир Дробњак, главниот преговарач на Хрватска со ЕУ, којшто преку презентирање на клучните перспективи во преговарачкиот процес ќе зборува за стратешкото значење на владеењето на правото во преговарачкиот процес. 

Реклама

Во рамките на програмата, посебен дел ќе биде посветен на подготвителниот дел во рамките на преговарачките позиции, со фокус на предизвиците и бенефитите во овие процеси. 

Експертите, како што информираат од Министерството, ќе дадат осврти и на економските предуслови на земјите аспиранти за ЕУ, а ќе се истакне и значењето на финансиската помош на земјите од Западен Балкан преку Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. 

Учесниците на тренинг програмата ќе можат да слушнат и за предностите од ЕУ фондовите во периодот пред и по добивањето на членството во Унијата, со фокус на хрватскиот пример.