Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Законот за работно ангажирање стапува во сила од 1 јануари, стопанственици бараат проширување на дејностите

Стопанствениците од Пелагонискиот регион го поздравуваат Законот за работно ангажирање лица  кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанствениците од Пелагонискиот регион го поздравуваат Законот за работно ангажирање лица  кој стапува на сила од први јануари, но бараат  да бидат опфатени и други дејности, освен сезонците ангажирани во угостителството, земјоделството и услужните дејности, беше еден од заклучоците на денешната седница на Регионалните стопански комори на Прилеп и на Битола што се одржа во Прилеп.

Според Никола Мариноски, претседател на Прилепската регионална стопанска комора, потребни се сезонски работници и во другите дејности, а законскиот ангажман, годишно од 120 до 180 дена да се прошири како и работните часови.

-Го поздравуваме законот за работно ангажирање лица што сатапува во сила на први јануари. Во очекување сме на неговата имплементација. Побаравме да има проширување на дејностите, бидејќи, горе-долу, во сите дејности има потреба од работна сила. Министерството за екномија и труд најави дека по првите проверки како ќе профункционира Законот, ќе има можност да се разгледуваат и тие работи. Се надеваме дека ќе им излезат во пресрет на поголемите компании за да може и тие да ангажираат работно вакви сезонски вработувања, но и да се зголеми бројот на денови годишно, досега е до 180 дена годишен ангажман,како и бројот на часови во месецот. Инаку, ваков работен ангажман има потреба во конзервната индустрија и во другите делови на индустриските капацитети,  изјави Мариноски.

Реклама

Министерството за екиномија и труд е отворено за соработка, но прво да се видат ефектите од Законот.

– Треба да се има трпение. Да видиме како Законо ќе се имплементира со овие дејности, а понатаму како Влада и Министерство сме отворени за соработка и да се прошири Законот со други дејности според потребите на пазарот на труд. Инаку, бенефитите се во намалувањето на неформалата, сива економија и во работното ангажирање на лица кои  недостигаат во дејностите, а тие дополнително да заработат, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Управата за јавни приходи го поздравува Законот зашто  се ефектуира наплатата на даноците за стабилно финансирање на јавните добра и услуги. Освен тоа, помага и пилот проектот кој ќе се имлементира од први јануари, а тоа е системот за е- фактурирање.

-Преку овие дополнителни придонеси со Законот, а ќе бидат симболични, се намалува готовината која сега се користи  за плаќање на неформално вработените, а претставува невевидентиран промет и приход и помало плаќање на другите даноци. И  пилот системот кој се воведува од први јануари за е-фактурирање е во насока на намалувањето на сивата економија, рече Елена Петрова, директорка на УЈП.

Законот за работно ангажирање лица опфаќа дополнителна зарабтувачка на студентите, социјално загрозените, пензионерите и невработените лица. Ќе бидат опфатени вкупно околу 17 000 лица.