Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Економија

„Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина“

Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика – системски, сеопфатен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика – системски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата. Со ова, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на завршното обраќање пред пратениците нагласи:

„Законот што денес го донесовме претставува визија за иднината и темел на нашата национална трансформација кон чиста, одржлива и праведна енергетска иднина. Ова е закон што создава можности, но и бара одговорност“.

Законот е подготвуван во широк, инклузивен процес кој опфати институции, експерти, бизнис сектор, оператори, регулаторот и други заинтересирани страни. Преку 61 амандман во редовна законодавна постапка, се доби решение кое го унапредува квалитетот, прецизноста и применливоста на законот.

Реклама

Новиот Закон за енергетика е компатибилен со Реформската агенда за Западен Балкан и европските директиви, а содржи неколку клучни столбови:

• значајно зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка;
• поголема енергетска ефикасност и намалување на загубите;
• отворен енергетски пазар во кој граѓаните стануваат активни чинители – производители, продавачи, членови на енергетски заедници.

Особено внимание е посветено на социјалната правда – законските решенија вклучуваат заштита на ранливите категории, поддршка за енергетска сиромаштија и фер пристап до енергија за сите.
Законот нуди стабилна, транспарентна и предвидлива рамка за домашни и странски инвеститори. Ги јакне капацитетите на регулаторот и операторите, создава услови за поголема интеграција со регионалните и европските енергетски мрежи, и овозможува нови инвестиции во соларни, ветерни и други обновливи извори, топлификација, гасификација, складишта и дигитализирана мрежна инфраструктура.

„Енергијата не е само моторот на економијата, таа е основа за квалитетен живот. Со овој закон ја отвораме вратата за една енергетски суверена, зелена и европска Македонија.“ истакна министерката Божиновска. Овој закон е повеќе од нормативен акт – тоа е патоказ за иднината. Шанса што, како што рече министерката, не смееме да ја пропуштиме.

Министерството ќе продолжи активно и одговорно со имплементацијата на законот, со силен фокус на резултати што директно ќе се почувствуваат од страна на граѓаните и стопанството. Законот е усвоен – следува спроведување.