Реклама
Македонија

За пациентите на онкологија од петокот нема биолошка терапија, од клиниката велат проблемот брзо ќе биде надминат

Нема биолошка терапија на онкологија. Тецентрик, Авастин, Ибранс, Кискали, Фулвестрант, Ербитукс –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема биолошка терапија на онкологија. Тецентрик, Авастин, Ибранс, Кискали, Фулвестрант, Ербитукс – се лековите кои ги нема на клиниката. Пациентите стравуваат дека за брзо време ќе има недостиг и на други терапии за одредени малигни болести. велат дека клиниката не е во можност да одговори на зголемувањето на бројот на болните со метастазирани канцери и тоа е една од причините зошто се појави овој недостаток.

Ова е само проодлжение на хаосот на онкологија кој што владее години нанзад.

Надлежните велат дека работат на изнаоѓање на решение на проблемот со недостатокот на лекови.Според нив потребно е време да се решат и останатите нерегуларности кои владееле во време на претходното раководство на клиниката.

Реклама

Утре на иста маса ќе седнат преставници од Влада, раководството на ФЗОМ и Клиниката за онкологија за итно да се набави биолошката терапија.

„Состојбата со достапноста на биолошката терапија е резултат на административни процедури, што се реализираат согласно буџетот за 2024 година. Овој буџет беше изработен во претходната година врз основа на проценките во тој период и не ги одразуваше целосно тековните потреби на клиниката. Дополнително, треба да се земат предвид и континуираниот пораст на бројот на онколошки пациенти, како и сложеноста на административните и финансиските процеси што влијаат врз набавката на лекови“, велат од Клиниката.

Онколошките пациенти со апел до надлежните да се најде итно решение за пбезбедување на потребните терапии, бараат и промени на позитивната листа на лекови.

Онкологија е под лупа на јавноста втора година. Почна во септември 2023 година кога пукна аферата со препродажбата на биолошка терапија. Продолжи со истрага на обвинителството и Анкетна Комисија во Собрание која финишираше без официјални заклучоци. Се уште во тек е истрага во обвинителство против петмина од Онкологија.