Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Чупиќ: Со лидерите од регионот, кои присуствуваа на Процесот Брдо – Бриони, воспоставивме нов квалитет на комуникација

Претседателката на Македонија е од академскиот свет. Имавме некои свои, лични теми,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Македонија е од академскиот свет. Имавме некои свои, лични теми, лични симпатии кон младите луѓе, кон нивното вклучување во политичките процеси како нешто што треба да биде лековито ако целиот овој регион сака да ги задржи и да опстане и тие да останат овде заедно со нас, изјави попладнево во Охрид вршителот на должност претседател на Србија, Александар Чупиќ, по билатералната средба со Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Процесот Брдо-Бриони.

Тој се воздржа од коментар за односите и билатералните прашања меѓу Македонија и Бугарија.

-Процесот Брдо-Бриони е пример како можат државите кои се веќе во Европската Унија да имаат некакви иницијативи и своите искуства да ни ги понудат нам, кои сме на тој пат. Не сум потполно запознаен, нешто претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прокоментира, но би се воздржал за односот меѓу Македонија и Бугарија. Мислам дека можеби и на Бугарија и е овде место, ако е веќе членка на ЕУ и таа да помогне. Сите сме во ист регион, рече Чупиќ.

Реклама

Негова оценка е дека со лидерите од регионот, кои присуствуваа на Процесот, е воспоставен нов квалитет на комуникација. 

 -Билатералните состаноци со Жељка Цвијановиќ, Јаков Милатовиќ и Гордана Сиљановска-Давкова, беа многу пријателски, барем јас стекнав таков впечаток. И тие беа презадоволни со тонот и начинот на кој, би рекол, воспоставивме нов квалитет на комуникација, нагласи Чупиќ.

Потенцира и дека ова му е прв меѓународен самит.

-Немам со што точно да споредам за да можам да кажам дека е подобро или полошо од некогаш. Колку и да ми годеше, толку и ме загрижи, поради можеби некои пропуштени можности и некое време што ние како земја го изгубивме. Она што го стекнав како впечаток, е дека регионот во нашата надворешна политика не беше секогаш во фокусот, а мене ми се заблагодарија што првата посета беше регионална, вели тој.

Потенцира дека и лично како човек смета дека треба да се имаат добри односи со соседите.

-Тоа го прокоментирав и со претседателката на Македонија, дека јас како човек од народот, како некој што живее на село, прво што гледам е да имам што подобри односи во својата улица, во своето соседство и мислам дека мене тоа некако ми е потполно природно, така што, околу тоа се согласивме. Не влегувавме во детали, зашто јас ја почитувам својата сегашна позиција и она што ние го предложивме во текот на предизборната кампања како вредности – држење до своите ингеренции, рече Чупиќ, кој со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска се запозна.