Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Во Бања Банско свечено отворен новиот хотел „Косара“ – инвестиција од 4 милиони евра

Во Бања Банско кај Струмица денеска свечено беше отворен новиот хотел „Косара“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Бања Банско кај Струмица денеска свечено беше отворен новиот хотел „Косара“, во рамки на ресортот „Терме парило“. На отворањето присуствуваа министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалници од регионот и голем број гости и деловни партнери.

Според министерот Клековски, многу години во државата физикалната терапија била потценета, а вложувањата биле запоставени.

– Физикалната терапија е важна здравствена услуга која го забрзува постоперативното заздравување, кога станува збор за замена на колк или слични операции, помага во рехабилитацијата на нервни болести или мозочни удари и секако помага во многу состојби и ги скратува болничките денови – рече Клековски.

Реклама

Посочи дека уште кога бил директор на Фондот за здравствено осигурување се вложувало во физикалната терапија, а лани имало околу 4.000 пацинти кои ја користеле оваа услуга во бањите.

– Важно прашање е здравствениот туризам и без силна јавна поткрепа на ваков тип објекти многу потешко се развива тој. Вложувањето во јавниот дел од услугите секако помага да се даде една здрава основа за развој на овој вид туризам и мораме и таму да направиме исчекор. Многу нашите граѓани одеа на бањи во соседни земји. Ние имаме доволно извори на топла вода, но за жал запоставени. Тука сум и од трета причина, зашто некој се осмелил сето ова да го направи. Ние знаеме дека долги години овој објект беше запоставен, нефункционален и од една таква ситуација сега имаме лидер во бањското лекување во земјава и сега покрај реконструкцијата на стариот објект (хотелот „Цар Самуил“) имаме нов објект – истакна министерот Клековски.

Смета дека ова ќе помогне Банско да се мапира како бањско лекувалиште, а подвлече дека како Влада имаат прелимарни разговори за Кежовица во Штип, што е крајно запуштено и неколку други иницијативи за заживување на бањскиот туризам.

Сопственикот на ресортот Никола Пандев, истакна дека денес со отворањето на хотелот „Косара“ во рамки на ресортот, кој е модерен сместувачки капацитет и ќе работи независно од функционирањето на хотелот „Цар Самуил, ќе ја продолжи соработката со Фондот за здравствено осигурување.

-Сметам дека вакцвите инвестиции ќе придонесат и во развојот и унапредувањето на здравствените услуги во Република Македонија, како и во промоција и проширување на здравствениот туризам во државата – рече Пандев.

Тој најави нови инвестиции во ресортот и приоритет е да се изградат затворен и отворен базен во новиот хотел, но амбицијата е да изградат препознатлив туристички ресорт кој би бил познат не само во регионот, туку и пошироко.

Во новиот хотел се инвестирани 4 милиони евра и средства од унгарскиот кредит. Хотелот располага со 53 соби, 130 легла и повеќе простории за медицинска и физикална терапија.

Инаку, хотелот „Косара“ го носи името на ќерката на Цар Самуил, која според легендите влегла да им помогне на затворениците и таму се вљубила во дукљанскиот кнез Јован Владимир, кој потоа и станал сопруг.