– Вршителката на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија Никол Варнс денеска беше во посета на Гостивар и остави средба со градоначалникот Ваљбон Лимани.
На средбата се разговарало за значењето на децентрализацијата, зајакнувањето на локалната самоуправа и воспоставувањето поефикасни механизми за поддршка на општините преку конкретни развојни проекти, кои, како што информираат од општина Гостивар, непосредно влијаат врз благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните.

Градоначалникот Лимани посочил дека поддршката на САД за демократските процеси, зајакнувањето на институциите и развојот на локалната самоуправа претставува значајна вредност за општествениот напредок и евроатлантската перспектива на земјата.
Во продолжение на посетата, градоначалникот Лимани и амбасадорката Варнес гo посетија Центарот за третман на деца со аутизам „Blue Puzzle“, каде што одблизу се запознаа со стручната работа на центарот, неговите активности и посветеноста на персоналот во обезбедувањето поддршка за децата и нивните семејства.

