Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, на маргините на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, се сретна со претседателката на Република Косово Јустина Широка-Пула.
На средбата, Сиљановска-Давкова истакнала дека македонско-косовските односи се пријателски и се одликуваат со отворена комуникација меѓу граѓаните и државните институции, како и со интензивна економска, трговска и културна соработка.
Двете претседателки ја поздравиле денешната паритетна машко-женска застапеност, а во својство на професорки ја нагласиле потребата од поширока и поинтензивна соработка во областа на образованието и науката.
Тие, како што соопшти Кабинетот на претседателката, оцениле дека добрососедството е важен предуслов за просперитет на Западен Балкан, а во Процесот Брдо-Бриони препознале неопходен инструмент за градење меѓусебна доверба и обезбедување сигурна европска перспектива.

