Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Формиран Клуб на жени на Движење ЗНАМ, Александра Јелиќ избрана за претседател

Политичката партија „Движење ЗНАМ за наша Македонија“ вечерва во Скопје ја одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичката партија „Движење ЗНАМ за наша Македонија“ вечерва во Скопје ја одржа основачката конференција на клубот на жени. На конференцијата за претседател на клубот на жени едногласно е избрана Александра Јелиќ, но и координативно тело составено од 18 членови.

Претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски, во изјава за медиумите пред почетокот, порача дека формирањето на Клубот на жени е значаен чекор во јакнењето на  политичката организација, но и јасна порака за местото и улогата на жените во ЗНАМ.

null

– Жените заслужуваат свое место. Жените од ЗНАМ се истрајни, упорни и посветени. Тие се исти како секоја мајка, жена, девојка и баба во секое македонско семејство. И токму водејќи се од тие постулати, заедно ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи Македонија заслужува да биде просперитетно место за живеење, а кој друг ако не токму дамите или мајките можат тоа да го направат најдобро за сите нас – изјави Димитриевски.

Реклама

Тој нагласи дека Клубот на жени не го гледаат како формална организациска структура, туку како силен политички двигател, кој ќе даде нова енергија на движењето и ќе биде глас на жените во општеството. 

Од партијата порачуваат дека формирањето на Клубот на жени е дел од активностите предвидени со Акцискиот план на Движењето ЗНАМ за 2026 година и претставува јасна определба за создавање силна, организирана и активна структура, во која жените ќе имаат значајна улога во креирањето на политиките, носењето одлуки и обликувањето на политичките процеси.

null

Јелиќ, во своето обраќање порача дека пред себе гледа жени со огромен потенцијал, кои не сакаат да бидат набљудувачи на иднината, туку нејзини креатори.

– Верувам дека од овој состав ќе произлезат нови лидерки, нови идеи и нова енергија. Нашата  порака е јасна: не бараме простор за да бидеме слушнати, туку преземаме одговорност за да направиме промена. ЗНАМ дека можеме повеќе, ЗНАМ дека можеме заедно и ЗНАМ дека жените имаат сила да ја менуваат Македонија – изјави Јелиќ.

На конференцијата, која се одржа во хотелот „Холидеј Ин“, присуствуваа повеќе од 400 делегати, членки на партијата, како и претставници на ЗНАМ во извршната и законодавната власт, меѓу кои министерот за јавна администрација Горан Минчев, пратеници и други партиски функционери.