Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

За 2,5 месеци во Штип почнува со работа регионален ургентен центар

Најдоцна до септември, штипската Клиничка болница ќе добие регионален Ургентен центар, кој ќе им пружа итна медицинска помош на пациентите со животозагрозувачки состојби од Источниот и Југоисточниот Регион. Постапката за негово формирање веќе е започната, а во наредниот период ќе се преадаптираат просториите на сегашната дежурна амбуланта. Ургентниот центар ќе работи 24 часа дневно, седум […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдоцна до септември, штипската Клиничка болница ќе добие регионален Ургентен центар, кој ќе им пружа итна медицинска помош на пациентите со животозагрозувачки состојби од Источниот и Југоисточниот Регион. Постапката за негово формирање веќе е започната, а во наредниот период ќе се преадаптираат просториите на сегашната дежурна амбуланта. Ургентниот центар ќе работи 24 часа дневно, седум дена во неделата и ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и возрасните пациенти.

„Ќе биде хируршки и интернистички ургентен центар за сите пациенти од Источниот и Југоисточниот Регион кои ќе доаѓаат како ургентни случаи. Овде првично ќе бидат згрижени за дијагностицирање, а потоа ќе бидат третирани на соодветните оддели каде што е потребно“, изјави д-р Билјана Ефтимова, заменик-директор на Клиничката болница во Штип.

Идејата за негово формирање постои веќе неколку години, но реализацијата се одложуваше поради недостиг на медицински кадар и соодветни простории. Со пренамената на модуларната болница во амбуланти за пациентите кои се упатуваат преку системот „Мој термин“, конечно се создадоа услови за реализација на овој проект.

Реклама

„Модуларната болница веќе функционира за пациентите преку „Мој термин“, така што напливот на пациенти на приемното одделение е значително намален. Амбулантите за ендокринологија и за подигнување инсулин веќе се префрлени во модуларната болница. Физичката подготовка е направена и сега има услови за формирање на Ургентниот центар“, изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничката болница во Штип.

Низ годините, штипската Клиничка болница се соочуваше со сериозен недостиг од лекари специјалисти, медицински сестри и технички персонал, што беше една од главните пречки за формирање Ургентен центар. За да се намали недостигот од медицински кадар, минатиот месец беа распишани огласи за вработување на 25 лица.