Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Времето си игра со здравјето на граѓаните, зголемен број повици во Брзата Помош поради наглите температурни шокови

Граѓаните се борат со променливото време. Од 80 до 100 повици  дневно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните се борат со променливото време. Од 80 до 100 повици  дневно регистрира Брзата помош. Мозочни и срцеви удари, вртоглавици, главоболки, ревматски и проблеми со дишните патишта.  Итната медицинска помош  е со зголемени обем на работа во текот на целиот ден но  особено во ноќните часови. Наглите темпертаурни разлики и променливото време претставуваат дополнително оптоварување за организмот особено за  повозрасните, хронично болните, децата и лицата со кардиоваскуларни и респираторни заболувања како и ревматските проблеми.

–Во минатото деноноќие имавме 80 интервенции од кои 4 сообрајќајни незгоди, три колапси на јавни места и три пијани пациенти. Остатокот се работи за хронични пациенти–вели др. Ана Џарева од Брза помош

На некои од пацинетите им е даден само совет но на дел од повиците е интервенирано од страна на Брзата помош. Има и пациенти кои добиле препораки за дополнителни медицински проценки и третмани. Наглите температурни промени  велат не треба да се потценуваат бидејќи тоа е стрес за самиот  организам и  потребно му е време да се прилагоди.

Реклама

Најчесто пациентите се жалат на вртоглавици варијации на крвниот притисок, слабост, респираторни проблеми и болки во екстремитетите и мускули. 4 Има зголемен број и на мозочни  удари. Самите вртоглавици како што спомнав и се јавуваат и други невролошки симптоми каде е потребна понатамошна евалуација да се видат од каде доаѓаат–вели др. Ана Џарева од Брза помош

Од Брзата помош апелираат граѓаните да ги следат временските промени и да ги почитуваат здравствените препораки, да го мерат почесто крвниот притисок и шеќерот, да имаат правилна хидратација. Доколку имаат појава на сериозни симптоми како губење свест, вртоглавица, болка во градите, силна главоболка, отежнато дишење,висока телесна температура веднаш да се побара медицинска помош.  Временските прилики не одат во полза на подобрување на проблемите со здравјето. Од УХМР  највуваат   повремени локални врнежи од дожд во вечерните часови. Утре се очекува задржување на променливо, облачно и топло време со повремени послаби локални врнежи. Од вторник следува промена на времето со сончеви периоди, но и значително посвежо, при што утринската температурата  ќе опадне за 7 до 10 степени.

  •