Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ВРЕДИ: Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Биљал Касами станаа трн во око за ДУИ

Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ. Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради Стадионот на Тетово поради приватни узурпации на имотите. Беа узурпирани и Спортскиот центар и многу други јавни имоти. ДУИ ги затвораше очите и ушите пред урбаната мафија поради коруптивни интереси.

Со доаѓањето на Билал Касами на чело на Тетово, имотите им беа вратени на граѓаните. Стадионот на Тетово конечно се гради. Се градат патишта и булевари. За првпат по многу децении се градат две средни училишта во Тетово.

Реклама

Покрај решавањето на проблемите со основната инфраструктура, водоснабдувањето и канализацијата, ВЛЕН и Билал Касами градат и спортски сали и базени, претворајќи го Тетово во европски град.

Овој развој ѝ пречи само на ДУИ. Опозицијата има носталгија за времето кога двојката Бајрам Реџепи – Теута Арифи ја задолжија општината, ги продаваа јавните имоти на сомнителни проруски бизнисмени и ги оставија тетовци во кал и беда.

За среќа, тоа време повеќе нема да се врати. Тетово јасно зборуваше на локалните избори. Убедливата победа на ВЛЕН со разлика од 5.000 гласови беше јасна порака и за ДУИ, и за урбаната мафија, и за сомнителните агенди дека Тетово го затворило мрачното поглавје на корупцијата, хаосот, стагнацијата и деградацијата. Тетово оди напред кон развој и благосостојба. Тетово не запира!