Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВРЕДИ: Продолжуваме со решавање на клучните проблеми во општините каде што живеат Албанците

Со проектот за изградбата на подземниот паркинг кај плоштадот „Скендер Бег“, конечно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со проектот за изградбата на подземниот паркинг кај плоштадот „Скендер Бег“, конечно ќе се даде одговор на долгогодишниот проблем со сообраќајниот метеж и недостатокот на паркинг места во Чаир и околината на Старата чаршија. Ова е инвестиција која директно им служи на граѓаните, на бизнисите и на туристичката понуда на овој уникатен дел од Скопје. Оваа инвестиција ќе го зголеми обемот на работа во Старата чаршија за најмалку дупло повеќе, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

Проектот опфаќа подземен паркинг со современи стандарди и капацитет за стотици возила, со што ќе се ослободи јавниот простор и ќе се воспостави ред во сообраќајот.

Инвестицијата, проценета на повеќе милиони евра, ќе биде финансирана од државниот буџет, што ја покажува јасната определба на Владата да вложува во инфраструктура која останува трајна придобивка за граѓаните. Со тоа, се унапредува и безбедноста во сообраќајот, се олеснуваат условите за локалните бизниси и се поддржува развојот на туризмот во Старата чаршија.

Реклама

Такви инвестиции, во време на ДУИ, не можеа ниту да се замислат, ниту за Чаир, ниту за Тетово, ниту за Струга. Денес, Владата на ВЛЕН покажува дека е вистински стратешки партнер на општините каде што живеат Албанците, насочувајќи средства и внимание кон нивните реални потреби.

Нашата определба е јасна: ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктура, јавни услуги и урбани решенија кои го подобруваат секојдневието на граѓаните. Овие проекти се дел од пошироката визија за модернизација и развој, но и симбол на новата политика, политика на дела, а не на празни зборови.

Владата на ВЛЕН ќе продолжи да ја гради соработката меѓу централната власт и локалната самоуправа. Само со вакво партнерство можеме да обезбедиме еднакви услови за сите граѓани и да ги подигнеме општините со доминантно албанско население на ниво кое со години беше оспорувано и запоставувано.