Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

„Вреди“: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022. Али Ахмети преку медиумите си пишува писма сам на себе за албанскиот јазик, но молчи за фактот дека купил зграда од пет ката во центарот на Тетово со површина од 1200 квадратни метри, се вели во соопштенито на „Вреди“.

ВЛЕН одамна предупредува дека зад лажната грижа на ДУИ за правата на Албанците всушност се кријат тесно партиски интереси за богатење на партискиот врв.

Бидејќи Али Ахмети се занимавал со “купи-продај” немал време системски и трајно да ги решава прашањата од суштинска важност за Албанците. Затоа, во наследство ни остави половични и недоречени акти кои сега сака да ги подметне како кукавички јајца.

Реклама

Но, доаѓа времето за одговорност.

Јавноста очекува одговори на следните прашања:

Дали новиот имот на ДУИ на атрактивна локација во центарот на Тетово бил во сопственост на Телеком?
Дали е точно дека овој имот прво е префрлен на подобно физичко лице со кое ДУИ после склучува договор за купопродажба?

Каква врска има овој имот со аферата “Маѓар Телеком”?  

Поранешните директори на Телеком во 2017 пред Окружниот суд во Њујорк признаа вина дека платиле мито од пет милиони евра на политичари од владината коалиција на СДСМ и ДУИ во 2007 за да ја одложат либерализацијата на телекомуникацискиот сектор.

Во оваа постапка пред Окружниот Суд во Њујорк беа споменати имињата на Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулахим Касами.

Нема повеќе простор Али Ахмети да глуми жртва. Митовите за него се рушат како кула од карти.