Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

ВРЕДИ: Меџити пред младите го претстави проектот за Младинскиот центар во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, го претстави проектот за Младинскиот центар, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Според Меџити, Младинскиот центар ќе биде организиран на четири функционални нивоа:

Први кат: библиотека и сала за предавања, отворена за читање, истражувања и разни настани.

Реклама

Втор кат: Дигитален центар со лабораторија за вештачка интелигенција (AI), компјутери и бесплатни обуки за програмирање, вештачка интелигенција и дигитална писменост. Овој кат ќе опфати и co-working простор за поддршка на младинските стартапи, како и менторска програма „од млади за млади“.

Трет кат: STEM академија, која ќе нуди обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката.

Четврти кат: простор за театар, советување и креативни активности, наменет за младите кои сакаат слободно и без бариери да се изразуваат.

„Младинскиот центар ќе биде средиште на новата генерација, каде што ќе се спојуваат образованието, иновациите, уметноста и креативноста. Тој ќе служи како платформа за личен и професионален развој на младите во Чаир,“ истакна Изет Меџити.