Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

„Вреди“: Груби ита кон целосно соборување на Али Ахмети

Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч, кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник. Црната кутија на владеењето на ДУИ се стави на располагање на правдата. Вистината неизбежно ќе почне да излегува на површина – посочуваат од „Вреди“ во денешното соопштение. 

Артан Груби не беше обичен функционер. Тој беше извршител, координатор и доверлив човек за сите клучни одлуки во изминатите години. Од заткулисни договори преку сомнителни тендери до политички пазари Груби беше присутен секаде каде што се кроеше моќта на ДУИ. Затоа денес не станува збор само за индивидуална одговорност, туку за систем што почнува да се расплетува.

Во ДУИ знаат зошто владее паника. Стравот не е од правдата, туку од тоа што Артан Груби знае премногу. Тој е сведок на сите матни зделки, на сите политички конструкции и на сите договори што со години се правеле на штета на граѓаните. Куќниот притвор е последица на подготвеноста на Груби институционално да се соочи со сопствените гревови. Поентата е дека институциите, конечно, ја отвораат темата што ДУИ со години ја закопуваше – како се управуваше моќта и каде завршија одлуките и парите.

Реклама

По катастрофалниот пораз на локалните избори и по распадот на лажните ветувања за предвремени избори и „сигурен“ влез во Владата, ДУИ се соочува со најтешкиот момент во своето постоење.

Враќањето на Груби не е крај на процесот. Тоа е почеток. Почеток на расплет што може да доведе до целосно разобличување на начинот на кој функционира ДУИ. Прашањето повеќе не е дали ќе има политички последици, туку колку длабоки ќе бидат тие.

Ако црната кутија е Груби, тогаш нејзиното преслушување значи директен удар врз Али Ахмети. И додека јавноста очекува правда, останува да се види кој сè ќе мора да понесе одговорност во деновите што следуваат. Од денес ДУИ веќе не ја контролира приказната, приказната почнува да ја контролира ДУИ.