Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ веќе направи изборна капитулација, Нема свои кандидати на изборите, се надева на милоста на Села и Таравари

ДУИ е свесна дека поразот ѝ чука на врата. Знае дека народот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ е свесна дека поразот ѝ чука на врата. Знае дека народот не простува, дека времето на манипулации и лажни симболи завршува. Затоа овие денови сведочиме на крајно понижувачко и очајничко однесување, раздавање функции, позиции и поддршки на вчерашмите политички противници, само за да се создаде привид на некаква сила и да се оправда поразот што се приближува, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Албанците ја гледаат немоќта на ДУИ. Таа партија веќе нема свој идентитет.

ДУИ скоро и да нема свои кандидати. Освен двајца или тројца, се останато се туѓи имиња, туѓи ликови, туѓи проекти, туѓи партии.

Реклама

До каде дојде ДУИ да оди на избори без свои луѓе! Да беше силна, ќе се соочеше со изборите со свој печат и со своја понуда. Да имаше добри луѓе, ќе ги кандидираше.

Но ДУИ ги нема ни едното, ни другото. Затоа секој ден гледаме незадоволства, оставки и отпори во нивните општински ограноци. Членството е изневерено. Наместо да бидат дел од решенијата, оставени се да се надеваат на милоста на Села и Таравари, истите тие што до вчера беа најостри критичари на ДУИ, а денес се нивни спасувачи.

Ова не е изборна стратегија, туку капитулација. Жално е до кое ниво дојде ДУИ, се вели во соопштението на ВРЕДИ.