Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ продолжува да молчи за процесот на ветинг на нејзините функционери

Соопштение на ВРЕДИ: „ДУИ повторно се обидува да го одбегне вистинскиот ветинг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВРЕДИ:

„ДУИ повторно се обидува да го одбегне вистинскиот ветинг и да ја манипулира јавноста со стари и празни изговори.

Секогаш кога се соочени со прашања за криминал, корупција и злоупотреба на функцијата, се кријат зад лажна реторика за некаков „ветинг“. Но вистината е јасна: раководството на ДУИ не би поминало ни најосновна проверка, а камоли вистински процес на прочистување и одговорност.

Реклама

Дваесет години беа на власт. Имале време, ресурси и моќ, ако навистина сакале ветинг, ќе го спроведеа. Но наместо тоа, тие го користат овој збор само кога се во тесно, како параван за да го покријат криминалот и личното богатење.

ДУИ не го користи ветингот како инструмент за правда, туку како политичка алатка за заблуда.

Ако се толку посветени на ветинг, зошто не почнуваат од себе?

Ветинг за Али Ахмети – кој го истражил неговото богатство и фирмите на неговите блиски?

Ветинг за Артан Груби, кој ќе ги испита лиценците за казина, врските со балканскиот подземен свет и милионските зделки?

Ветинг за Бујар Османи, кој ќе одговори за сомнителните средби со претставници на српскиот свет, за случајот „Пациент“, за милионите потрошени на ОБСЕ самитот?

Ветинг за Арбен Таравари, кој ќе ја провери неговата имотна состојба, тендерите за блиски луѓе, врските со „Џока Констракшн“?

Ветинг за Блерим Беџети, кој ќе провери како се граделе згради во Сарај и кои се поврзани со неговото име?

Ова се прашањата на кои ДУИ должи одговор. Сѐ додека тие се молчи и бегаат од вистинска одговорност, секој повик за ветинг е само евтин маркетинг.

Но, вистинскиот ветинг доаѓа. И нема да биде под контрола на партиски комисии, туку под надзор на народот.
На следните локални избори, граѓаните ќе ја завршат оваа работа, ќе направат вистинска проценка и ќе ги испратат во историјата сите што ја користеле власта за лични цели.“