Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ е политичкиот промотор на „српскиот свет“ во Македонија

ДУИ со години е најважниот политички партнер на структурите кои го промовираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ со години е најважниот политички партнер на структурите кои го промовираат концептот на „српскиот свет“ во Македонија. Нивната улога не е случајна, туку систематска и штетна по државните интереси, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Влезот на МТЕЛ на македонскиот пазар, во време кога сите клучни министерства во економскиот и финансискиот сектор беа во рацете на ДУИ. Без нивна политичка согласност, српската државна телекомуникациска компанија немаше да добие лиценца и пристап до стратешката комуникациска инфраструктура.

Обидот за влез на српското и црногорското подземје во бизнисот со онлајн казината кој беше под целосно патронанство и поддршка токму на министрите на ДУИ во минатата Влада. Доколку не се случеше промена на власта овој влез на српски капитал ќе беше веќе реалност.

Реклама

Постојаните контакти на Али Ахмети и Бујар Османи со режимот на Александар Вучиќ, него лично и неговите министри, кои резултираа со политички и економски договори во корист на Белград, а на штета на македонските и албанските национални интереси.

Директната улога на Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ во заземање ставови кои ѝ одат во прилог на Србија, додека се вршеше притисок врз Косово. Наместо да го брани правото на Приштина, Османи ја користеше својата позиција за да ја поддржи српската дипломатија во меѓународните форуми.

Воведување на брз проток на границите со Србија, но не и на границите со Косово и Албанија беше политика на ДУИ минатите децении.

Преориентацијата на инфраструктурните приоритети со запоставување на Коридор 8, каде што освен сликање немаше ни педа нов пат, во корист на Коридор 10 што е дел од стратегијата за економско и транспортно врзување кон Белград.

Денес, ДУИ се обидува да го нападне и претстави ВЛЕН како продолжена рака на „српскиот свет“, но фактите говорат спротивното: тие самите се главните изведувачи на планот за продлабочување на српското политичко, економско и дипломатско влијание во Македонија.

ДУИ сакаат да се заборават сите срдечни и насмеани средби кои Али Ахмети и Бујар Османи лично ги имаа со Александар Вучиќ.

ВЛЕН останува цврсто на страната на евроатлантската ориентација на државата и нема да дозволи Македонија да стане пионот на агенди кои ја оддалечуваат од ЕУ и НАТО.