Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

ВРЕДИ: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир 

Дваесет години Бујар Османи гради политичка кариера, а не изгради ниту еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет години Бујар Османи гради политичка кариера, а не изгради ниту еден проект за Чаир. Денес глуми дека го интересира Чаир. Дваесет години Бујар Османи е во највисоките државни функции, а ниту еден човек од Чаир не почувствува поддршка или помош од него, се наведува во соопштението на ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.

Денес гледаме глума и празни зборови. Програми и планови најавува човек кој за две децении не остави никаква трага во Чаир. Празна книга.
Бујар Османи не е кандидат на Чаир, тој е кандидат за својата кариера. Бара поддршка од Чаир, не за Чаир, туку за тој да се врати на власт. Ако сака да научи што е Чаир, нека прошета низ неговите улици и нека ја види вистинската состојба. Граѓаните на Чаир не сакаат повеќе празни политичари, кариеристи, туку сакаат посветеност, вистинска работа и конкретни резултати.

Не само што не донесе никакви проекти за Чаир, туку Османи не можеше ниту да го потисне своето лично его. Тој ги исклучува и малкуте млади луѓе што останаа во ДУИ, користејќи ги како јарбол на партиските знамиња, а не како потенцијал за промени. Денес, таа младина се оддалечи од него и силно се придружат со Изет Меџити и ВЛЕН, бидејќи таму наоѓаат визија, перспектива и почит.

Реклама

На Чаир му треба работа и развој, а не политичар кој 20 години ја гледал оваа општина само како отскочна штица за својата лична кариера.