Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ВРЕДИ: 5 дена до конгресот на обединувањето – тие делеа, ВРЕДИ обединува

На 9 мај се приближува крајот на една политичка илузија дека Албанците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 9 мај се приближува крајот на една политичка илузија дека Албанците можат вечно да се држат поделени. На Денот на Европа, ВРЕДИ чекори кон Конгресот на обединувањето како сила што ја разбра пораката на времето. На Албанците им е потребен силен, обединет и непоколеблив глас. Ова е ветување што го дадовме одамна, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Со години, другите ја градеа својата моќ врз поделби. Хранеа раздор, создаваа групи, купуваа молк и ја продаваа измамата како патриотизам. Денес, кога пет субјекти стануваат една сила, нивната игра се руши.

Обединувањето на ВРЕДИ е одговор на годините замор, злоупотреба и политичка манипулација. Тоа е порака дека Албанците не се ничија сопственост и дека албанската политика не може да биде заложник на грст луѓе што живееја од поделби.

Реклама

На 9 мај, на Конгресот на обединувањето, 850 делегати ќе ја запечатат оваа насока. Од пет субјекти во една политичка сила, од соработка во обединување, од надеж во реалност.
ВРЕДИ се обединува за владеење на правото.
За нулта толеранција кон корупцијата.
За независно судство.
За европскиот пат и партнерството со НАТО.
За заштита на семејството, традицијата, културата и идентитетот.
Одбројувањето започна. Уште 5 дена до Конгресот на обединувањето.

ВРЕДИ Е ЕДНО. ВРЕДИ ДОАЃА.