Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Возовите на релација Скопје – Велес – Скопје, Скопје – Битола и Жабени – Скопје нема да сообраќаат од 11 декември до 10 јуни 2026

Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково, од 11 декември…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково, од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година нема да сообраќат повеќе возови. 

– Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје – Велес, со време на тргнување во 8:00 часот, возот број 2081 на релација Скопје – Велес со време на тргнување во 13:20 часот, возот број 643 на релација Скопје – Битола, со време на тргнување во 14:30 часот, возот број 2080 на релација Велес – Скопје, со време на тргнување во 12:10 часот, возот број 2082 на релација Велес – Скопје со време на тргнување во 14:24 часот и возот број 642 на релација Жабени – Скопје, со време на тргнување во 11:15 часот, се наведува во соопштението од Железници на Северна Македонија – Транспорт АД-Скопје.