Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Возачите на ЈСП Револтирани: бараат исплата на празнични дневници

Поради страв, но и од досегашното искуство за неисплаќање на дневници за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради страв, но и од досегашното искуство за неисплаќање на дневници за верски празник, возачите од ЈСП Скопје побараа промена на распоредот за работа. Според синдикатот, за претстојните празници, возачите од муслиманска вероисповед ќе мора да работат за Бајрам, а православните за Задушница. Со ова, велат од синдикатот на ЈСП, се нарушува традицијата на почитување на вероисповедта на вработените во претпријатието. Воедно додадаваат дека не им се нарушени само верските, туку и правата од законот за работни односи, општиот и посебните колективни договори, за што ја информирале и трудовата инспекција.

„Она што го имаме како судска пракса од судовите кои имаат пресуди за вработените во јСП, говори дека празниците не се плаќаат, односно се евидентираат на некој начин кој буквално не е соодветен на законот за работни односи“, изјави Гоце Делчев Тодев, Генерален секретар на КСОМ

Возачите напоменаа дека до сега речиси секогаш ги добиваат тужбите поради неисплатени празнични денвници, но сега апелираат наместо да се влечат по судови да си ги добијат парите за дневници кои законски им следуваат.  

Реклама

„Им порачуваме на градските татковци и власт, полека да го слушаат гласот на синдикалците и ова да го слушаат бидејќи тужбите ќе пристигнат за многу брзо време и се надевам дека ова побрзо би стигнало до кабинетот на градоначалникот, да го подбере директорот на ЈСП, да ги седне сите оние што имаат обврска да ги прават распоредите за работа во ЈСП, да го слушаат секој синдикат во ЈСП затоа што состојбите не чинат“, дополни Делчев Тодев.

Паралелно, возчаите побараа и средба со раководството за надимување на наталожените проблеми. Се закинија дека ако продолжи хаосот во ЈСП, претпријатието може ќе остане без возачи, кои ќе одберат барем сезонски да заминат на работа надвор од државата.