Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите кои го загубија животот кај месноста Љуботенски бачила

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија животот кај месноста Љуботенски бачила во одбрана на својата држава. 

Во знак на сеќавање и благодарност, венци и цвеќе положија делегација на Владата предводена од министерот за правда Игор Филков и министерот за дигитализација Стефан Андоновски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од бригадниот генерал Орце Јордев, како и делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, претставници на Армијата и роднини на загинатите бранители.

На денешен ден пред 24 години, осум бранители од резервниот состав ги загубија животите при активирање на мина додека биле на пат кон месноста Љуботенски бачила. Загинатите се: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Исто така, денес се оддава почит и на Ацо Ангеловски, кој го загуби животот во 2000 година за време на вооружен напад врз полициска патрола во Арачиново.