Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Во услови на зголемена закана, во тек е регионалната иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан

Пожарите на ниво на предел претставуваат сериозна закана и сè поголем предизвик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарите на ниво на предел претставуваат сериозна закана и сè поголем предизвик за регионот на Западен Балкан, оставајќи долготрајни последици врз екосистемите, населението и економијата.

Со засилена регионална координација и заедничко делување на надлежните министерства преку Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан се поставуваат темелите за подигање на јавната свест за ризиците од пожари и зголемена отпорност на пределите, преку одржливо управување со екосистемите.

Наместо традиционални пристапи кои се фокусираат исклучиво на гаснење пожари, програмата го применува концептот на интегрирано управување со пожарите на ниво на предел — поттикнувајќи интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и изградба на отпорни природни предели кои можат ефективно да одговорат на заканата од пожари.

Реклама

Превенцијата е во срцето на оваа иницијатива и има за цел да обезбеди одржливо управување со природните ресурси на начин што еднакво ги штити и луѓето и екосистемите. Целта е да се создадат предели отпорни на пожари, како и заедници кои во иднина ќе ја продолжат оваа иницијатива на регионално ниво. Регионалната иницијатива е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како стратешки партнер и опфаќа едукативни активности, развој на политики и практична ангажираност низ земјите на Западен Балкан.

Природата е наша заедничка одговорност, а секој чекор кон превенција прави голема разлика. Над 90% од пожарите на ниво на предел во регионот се резултат на човечка невнимателност — факт што недвосмислено укажува дека решението е во нашите раце. Ги повикуваме сите чинители на свесност, вклученост и одговорност, со цел да ги заштитиме природните предели и да обезбедиме сигурна иднина за генерациите што доаѓаат. Со здружени напори и долгорочна визија, можеме да тежнееме кон амбициозна, но остварлива цел: нула пожари предизвикани од човечки фактор.

Со континуираната поддршка и партнерството на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, иницијативата добива стабилна основа за долгорочно и одржливо влијание во регионот. Силно веруваме дека една постапка може да промени сè.