Реклама

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Прилози

🎥 Во Собранието почна пленарната седница за ребалансот на буџетот

За власта реален, развоен и стабилен за опозицијата без развојна компонента –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За власта реален, развоен и стабилен за опозицијата без развојна компонента – Пратениците ја почнаа финалната расправа за прекроената државна каса. Со ребалансот се обезбедуваат повеќе пари за плати и пензии, за вложувања во капитални проекти, а документот е потврда за домаќинското работење на владата.

Проекциите за раст остануваат на 3.7 отсто и тие се темелат на досегашните остварувања особено од првиот квартал кога економијата порасна за 3.2 отсо.

Планот на владата е тоа да го оствари преку инвестицискиот циклус со поддршка на домашните компании и поддршка на економијата преку реализација на општинските проекти

Опозицијата критикува дека ребалансот бил скроен според мерка на власта и истиот се темелел на нереални проекции. Според СДСМ ребалансот немало да ги даде очекуваните резултати. Од власта возвраќаат дека со тоа што се одвојуваат повеќе средства за плати и пензии се вложува во човечки капитал а со капиталните инвестиции во темелите на економскиот раст

Со ребалансот вкупните приходи се проектирани на ниво од приближно 5.8 милиони евра, а вкупните расходи се предвидени на ниво од околу 6.5 милиони евра, што претставува зголемување од приближно 1% во однос на иницијалните проекции. Буџетскиот дефицит останува непроменет – изнесува приближно 672 милиони евра, односно 4% од БДП. Инфлацијата е проектирана на 2.8 %.