Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за прашања на изборите и именувањата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдувањето  на предлог – одлуки за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието , на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Македонија за соработка со парламенти на други држави, на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ). 

Пред Комисијата е и Прeдлог – одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци,  барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешен претседател на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка и утврдувањето Предлог – одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин“.

Реклама

Предлог на среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2026 – 2030 година е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска по редовната координација со координаторите на пратеничките групи, ќе одржи неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом.