Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат шест комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за европски прашања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за европски прашања се Предлог на законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност и Предлог на закоотн за контрола на индустриски емисии, сите во прво читање.

На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог на законот за изменување на Законот за исплата на платите во Македонија, Предлог на законот за дополнување на Законот за задругите, Предлог на законот за изменување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Предлог на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија и Предлог на законот за дополнување на Законот за стопанските комори, сите во прво читање.

Реклама

На Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за странци и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, двата во прво читање.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците има само една точка на дневен ред – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, во прво читање.

Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор и Предлог на законот за контрола на индустриски емисии, двата во прво читање.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог на законот за изменување на Законот за исплата на платите во Македонија, Предлог на законот за дополнување на Законот за задругите, Предлог на законот за изменување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Предлог на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија, Предлог на законот за дополнување на Законот за стопанските комори, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, Предлог на законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, Предлог на законот за контрола на индустриски емисии, сите во прво читање, Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина во второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за странци во прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање.