Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Во Скопје настан за зголемување на свеста за лицата со атипичен развој и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството

Настанот „Другарството е богатство“ во организација на Здружението „Аутизам ААМК“ ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Настанот „Другарството е богатство“ во организација на Здружението „Аутизам ААМК“ ќе се реализира денеска во Скопје.

Од Здружението истакнуваат дека различнoстите сплотуваат и појаснуваат оти кај „Школка“ од 11 часот ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството.

– Тоа ќе биде седми по ред од 2018 година, а како и претходните, така и овој, ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности – спортски, забавни, едукативни, музичка, ликовна работилница, но и мноштво од сценски настапи. И сето тоа – инклузивно – додаваат од Здружението.

Реклама

Според најавата, настанот ќе трае до 14:30 часот и поканети се сите.

– Школката е отворена за секого – потенцираат од Здружението.

Во соопштението се нагласува дека она што се сака да се докаже и покаже, е, како и секогаш на дружбите, децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат – и тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но, најважното од сè – сакаат да бидат заедно со другите деца, се нагласува во соопштението.

– Преку игра и песна да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите предрасуди и стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но, за да е возможно сето тоа, пред сè овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се. Овој голем чекор може да даде голем придонес во заедничкото секојдневие и градењето на здраво инклузивно општество. А децата… децата за разлика од нас – големите, гледаат со срцето и со душата, тие гледаат само деца си некаква различност, но и многу слични, затоа што и едните и другите сакаат да растат и да играат заедно – се додава во соопштението.