Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Во Штип за прв пат „Лазарева поворка“

Во Штип денеска за прв пат се организираше „Лазарева поворка“. Девојчињата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Штип денеска за прв пат се организираше „Лазарева поворка“. Девојчињата со песна тргнаа од  од црквата „Свети Климент и Света Петка“ и со песна поворката ја завршија во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип.

-Со радост ја организираме и реализираме Лазаревата поворка оваа година и во Штип. За прв пат ја организираме оваа поворка во Штип, со тоа што денес тргнавме од населбата Сењак од црквата Св. Климент и Св. Петка, така што еве сега тргнавме и во црквата Св. Никола во Штип. Исто така сакаме да истакнеме дека оваа Лазарева Поворка оваа година се одржува во неколку градови во Македонија, целта е да го најавиме воскресението Христово преку тоа што ќе пееме за Лазаревото воскресение-рече Милена Ристовска Михајловска организатор на Лазарева поворка во Штип.

Таа истакна дека поворките оваа година ќе се одржат во повеќе градови во Македониија со цел да се најави воскресението Христово преку пеењето за Лазаревото воскреснувања. Со песна и молитва, учесниците испратија силна порака за вера, надеж и заедништво.