Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Прилози

Во Штип синоќа убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот уапсен

Пронајдено и уапсено е лицето, по кое синоќа се трагаше откако со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пронајдено и уапсено е лицето, по кое синоќа се трагаше откако со пиштол во полно кафуле, на градскиот плоштад, во Штип, ладнокрвно застрела 25 годишник, а потоа  избега со автомобил. Доплнително со  21 годишниот осомничен турски државјанин, со иницијали К.К, приведени се уште четири лица државјани на Турција , за кои постои сомнение дека му помогнале на осомничениот да побегне од местотот на убиството. Со помош на дрон, возилото е лоцирано кај наплатната рампа Миладиновци, а е пронајдено и оружјето.

„Во 22.15минути на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило“бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х, Т.М, О.М. и А.О, при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода„ изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Синоќа во 21.25 минути во СВР-Штип било пријавено дека во угостителски објект имало пукање со пиштол.  Без знаци на живот, со осум прострелни рани застреланиот со иницијали Е.О., е транспортиран во штипската Клиничка болница.  Безуспешни биле обидите на лекарите да го реанимират, кои во 22.10 минути констатирале смрт, информираат од штипската болница.           

Реклама

Од Обвинителство информираат дека Јавен обвинител од штипското Основно обвинителство, ноќеска изврши увид  во кафе барот. И напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани. Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и прегледани се снимки од видео надзор, се преземаат и други дејствија за обезбедување докази. Телото на застреланиот е дадено на обдукција. На социјалните медиуми  после полноќ се појавија  видеа од грозоморното убиство, како и видеа на кои се гледа  како осомничениот  на патарината кај Миладиновци , успева да ја пробие полициската блокада  и продолжува да бега.