Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Во Штип одбележан Светскиот ден на Ромите

Со интонирање на ромската химна, подигнување на ромското знаме, читање ромски творби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со интонирање на ромската химна, подигнување на ромското знаме, читање ромски творби и доделување ваучери во Општина Штип денеска се одбележа 8 Април – Светскиот ден на Ромите. Ерол Адемов советник за ромски прашања во Општина Штип истакна дека во фокусот и годинава беше образованието како клучен фактор за подобра иднина. Најуспешните основци, средношколци и студенти Роми добија вредносни ваучери, како признание за нивниот успех. 

-Во Општина Штип се организираше свечено одбележување на денот на Ромите, 8 април, каде што на јарбелот на општината беше поставено ромското знаме, во однос на одбележувањето на идентитетот на ромската заедница. Беа интонирани македонската и ромската химна. Исто така во свечената сала на Општина Штип се одржа настан каде што заедно со градоначалникот на Општината и соработниците, кажавме повеќе околу историјата на Ромите-вели Адемов.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов рече дека со цел поголема интеграција на ромската заедница, Општината ги наградува најуспешните ученици. Тој нагласи дека институциите работат на намалување на дискриминацијата. 

Реклама

-Секоја година Општина Штип доделува признанија за најуспешните ученици во основните и средните училишта, како и на универзитетот, со цел да се мотивираат преку образованието, полесно да се интегрирааат сите претставници на ромската заедница во општеството. Верувам дека институциите работат на она што е како појава, а тоа е дискримнацијата на Ромите, подобрување на нивниот социо-економски статус-рече Јорданов.

Во текот на годината беше решено и станбеното прашање на над 40 семејства, кои живееја во субстандардни услови во објектите на старото Нервно одделение. Семејствата добија нови домови во типските куќи во населбата АСНОМ. Но, како што рече Адемов по ова прашање треба и понатаму да се работи, како и на подобрување на инфраструктурата.