Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Во рамки на новиот објект на клиничката болница во Штип, ќе има и нова зграда за факултетот за медицински науки

Изградбата на новата Клиничка болница во Штип, ќе донесе и подобри услови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на новата Клиничка болница во Штип, ќе донесе и подобри услови за  студирање на идните лекари. Имено, во рамки на објектот ќе  се гради уште една зграда каде ќе се биде сместен Факултетот за медицински науки. Универзитетот  има маркица за градба, а во моментот основниот проект за новиот факултето е предаден на Проектната група при Министерството за здравство, задолжена за изградба на новата Клиничка болница.

„Тие се предадени  на проектната единица, која е во рамки на  Министерството за здравство. Ние неколкупати разговаравме со нив, им ги дадовме документите што ги имаме. Јас се надевам дека тој процес ќе биде брз и градот ќе добие  нова болница, а студентите ќе добијат нов и современ објект каде ќе може да го јакнат своето студирање“, изјави професор Дејан Мираковски-ректор на УГД-Штип  

Според проектот од 2014, кој најверојатно ќе треба да претпрпе измени, факултетот ќе се простира на околу 6000метри квадратни. Освен амфитеатар, предавални, во него ќе бидат сместени и неколку институти кои ќе имат научно-образовна компонента. Од изградбата на новиот објект бенефит ќе имат и медицинскиот персонал во болницата, но и граѓаните.

Реклама

„6000метри квадратни ќе биде целиот објект и ќе вклучува повеќе институти коишто освен што ќе има научно-истражувачка и образовна  димензија, ќе бидат комплементарни со функционирањето на болницата, односно ќе дават јавно-здравствени услуги заедно со болницата„ изјави проф. Дејан Мираковски-ректор на УГД-Штип.

Студиските програми на Факултетот за медицински науки, се помеѓу најатрактивните на штипскиот Универзитет и овде студираат најголем број на студенти, кои за да ги следат предавањата се приморани да се движат од еден до друг кампус кои меѓусебе се одалечени.  Освен домашните,  најмногу застапени се и студентите од Турција, но и од други држави, а програмата по општа медицина може да се следи и на англиски јазик.

Александра Ристевска