Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

🎬 Во подметнат пожар во Koчани изгорени се три автобуси и едно комбе

Голем пожар се случи ноќта во Кочани. На плац во  населбата Оризари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем пожар се случи ноќта во Кочани. На плац во  населбата Оризари, во непосредна близина на бензинска пумпа изгореа три автобуси и едно комбе кои биле во сопственост на приватна фирма.

Нема повредени во пожарот, за кој се уште не знаат причините поради кои избувнал, ниту висината на материјалната штета. Брзата интервенција на кочанската противпожарна служба спречила огнот да не се рашири.

Пожарот се случил ноќеска. Во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас. Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани.

Реклама

По извршениот увид ќе се знаат и причините за пожарот. Сепак според неофицијални информации, се шпекулира дека пожарот е подметнат, а во борбата со пламените јазици пожарникарите успеале да спасат само еден од четирите автобуси кои биле паркирани на плацот, кој се наоѓа во близина на бензинска пумпа.