Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Во Општина Карбинци отворени пет пункта за откуп на тутун

Почна откупот на тутунот на пет пункта во Општина Карбинци. Претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна откупот на тутунот на пет пункта во Општина Карбинци. Претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија, Кире Ристевски, кој денеска ги посети пунктовите во Општина Карбинци вели дека рокот за завршување е 28 февруари, а годинашниот квалитет е подобар од ланскиот, иако незадоволството кај производителите останува.

-Во Општина Карбинци од денеска се отворени сите пунктови, односно компаниите кои имаат пунктови во делот на Карбинци се сите отворени. Вкупно се пет откупни места и сите се отворени. За мене е задоволително. Во Карбинци и во Радање, цената е 420 денари и се оди прва класа. Во моментот, досега има откупено 3 милиони и 470 тона со просечна цена од 419, 64 денари. Нашите предвидувања се дека ќе се откупи околу 22 милиони. Крајниот рок е 28 февруари. Во однос на квалитетот, оваа година е подобар квалитетот од претходната година. Лани беше просекот 400 денаир, годинава е 420 денари, рече Ристевски.

Простор цената да расте има вели Ристевски. Посочи дека уште сега се преговора цената на тутунот за следната година да биде повисока.

Реклама

-Секогаш има простор, за цената да биде повисока и ние уште сега почнуваме да размислуваме за новата цена за нареданта година, се со цел да се задржи оваа култура. Оваа култура е многу значајна за самата држава, но и за кооперантите, посочи Ристевски.

Според производителите на тутун, цената е незадоволителна, бидејќи оваа година зад доброто производство стои, како што велат, многу труд, купени и потрошени препарати и други трошоци.