Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу нашите две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

-Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите кои носат подобар живот за граѓаните. Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, стои во објавата на премиерот Мицкоски.

Нагласува дека Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО.

Реклама

-Заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството. Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси. Градиме пријателства, создаваме можности и работиме Македонија да биде економски посилна и почитувана држава, порача премиерот Христијан Мицкоски на својт фејсбук профил.