Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Во Македонска Каменица се инвестира во подобрување на спортската и комуналната инфраструктура

Општина Македонска Каменица успешно ја заврши целосната реконструкција на спортската сала во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица успешно ја заврши целосната реконструкција на спортската сала во гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“, додека паралелно започна реализацијата на проектот за изградба на ново јавно осветлување на улицата 28 Август.

Градоначалничката Соња Стаменкова денеска изврши увид во реконструираната спортска сала и официјално го означи завршувањето на градежните активности.

Со реконструкцијата се создадени подобри услови за одржување на наставата по физичко образование, како и за спортски и рекреативни активности на учениците.

Реклама

– Секое вложување во образовната и спортската инфраструктура е директна инвестиција во иднината и развојот на младите – истакна Стаменкова.

Паралелно со овој проект, како што најави таа, започна и изградбата на ново јавно осветлување на улицата 28 Август.

-Градежните активности опфаќаат и комплетно осветлување на паркинг-просторот лоциран помеѓу Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ и паркот на Рудари, додаде Стаменкова.

Според предвидениот план, градежните работи за новото осветлување се очекува да завршат до средината на декември, со што дополнително ќе се зголеми безбедноста и ќе се подобрат комуналните услови за сите жители во овој дел од градот.