Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Во кумановската касарна „Боро Менков“ одбележани 26 години од формирањето на мултинационалната бригада SEEBRIG

Во кумановската касарна „Боро Менков“ денеска со свечена церемонија се одбележаа 26…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во кумановската касарна „Боро Менков“ денеска со свечена церемонија се одбележаа 26 години од формирањето на мултинационалната бригада SEEBRIG, како дел од процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (SEDM) – две клучни иницијативи кои го зацврстуваат регионалниот одбранбен дијалог и безбедносната соработка во Југоисточна Европа.

На свеченоста, министерот за одбрана Владо Мисајловски во своето обраќање пред присутните високи претставници од земјите-членки, меѓу кои и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и началникот на Генералштабот на романските вооружени сили, генерал Георгита Влад, нагласи дека SEEBRIG како една од најуспешните проекти во рамки на SEDM, во изминативе 26 години се докажа како најдобар инструмент за меѓусебно разбирање и развој на капацитетите на земјите членки.

-Работејќи заедно, рамо до рамо во регион кој секогаш се стреми кон мир, сигурно можеме да бидеме уште поефикасни во обезбедувањето безбедност и просперитет за нашите граѓани, рече Мисајловски. Тоа што во изминативе пет години Командата на Бригадата на Југоисточна Европа е лоцирана во Куманово, додаде тој, е јасен показател за нашата цврста верба во регионалната соработка која гради мостови и ги поврзува нашите вооружени сили.

Реклама

Мисајловски истакна дека сите земји кои се дел од Бригадата имаат исти вредности – мир и просперитет, особено важно денес во време на геополитички промени и неизвесност.

-Мораме да одиме напред, да продолжиме да ја градиме нашата отпорност, нашите капацитети и нашето заедничко разбирање. Ја градиме нашата подготвеност, како гаранција дека реалноста на денешницата ќе биде наша реалност утре, потенцира министерот Мисајловски.

Тој се заблагодари до Симона Кожакару за нејзината посветеност како досегашен претседавач на Секретаријатот на SEDM и на Политичко-воениот управувачки комитет и му посака успех на амбасадорот Елефтериос Ангхелопоулос, кој ќе биде на оваа позиција во наредните две години.

Бригадата на Југоисточна Европа беше формирана во 1998 година во Скопје, каде беше потпишан Договорот за формирање мултинационалната мировна сила Југоисточна Европа. Командата на Бригадата досега на ротациона основа беше сместена во Пловдив, Констанца, Истанбул, Трнавас, Лариса и Куманово. Во 2026 година командата повторно ќе биде лоцирана во Истанбул, Турција. Во текот на изминатите 26 години, Бригадата учествуваше во бројни мировни мисии, меѓу кои и во ISAF мисијата во Авганистан, каде ја презеде командата над Кабулската мултинационална бригада. Исто така, организирани беа 14 биенални вежби „Seven Stars“, кои се најзначајни во регионот и вклучуваат учество на повеќе од 200 војници од девет земји.